Привремен сообраќен режим на делницата Велес – Градско


Од денеска до 17 август годинава се воведува привремен сообраќен режим на делницата Велес – Градско.

Сообраќајот, како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај поради изведување градежни работи за рушење на стара наплатна станица Градско.