Приведени крадци што ограбиле куќа на „Партизанска“
Полициски службеници од СВР Скопје во средата, ги приведоа А.К. (28) и М.К. (28) од Скопје.
Тие, истиот ден, во 17.50 часот, извршиле тешка кражба во куќа на бул. „Партизански одреди“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и сторителите се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена содветна пријава.