Приведен осомничен за оштетување на цевките за кислород во тетовската болница


Во понеделникот, околу 17 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Инаку, вработените во тетовската болница на 23 август, увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа немаше последици по пациентите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид-одделенијата одело непречено преку главната цевка.