Приведен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола
Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола, јавуваат повеќе медиуми.
Според неофицијалните информации, случајот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на бизнисменот Марковски.
Дали станува збор за случајност или постапување поврзано со конкретниот предмет останува да покажат официјални информации во понатамошната постапка.
Она што е важно е пораката: Корупцијата нема да има заштитена територија ниту во институциите, ниту меѓу оние кои треба да го штитат законот.
Останува институциите да постапуваат еднакво кон сите и секој сомнеж за корупција да биде целосно проверен.
Од надлежните се очекуваат официјални информации за вечерниот настан.