Приведен маж од прилепско кај кого е пронајдено оружје

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп на 5 февруари 2021 извршија претрес во домот нс М.Ј. (29) во с Селце прилепско, при што пронајдени и одземени се ловен карабин, ловна пушка, 23 патрони и осум куршуми, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочија дека лицето е приведено во ОВР Прилеп и ќе биде поднесена соодветна пријава.