Приведен македонски државјанин во Србија – предизвикал сообраќајка


 

Полицијата во Нови Сад приведоа и му одредија притвор на А.А. (40), државјанин на Македонија, како виновник на тешка сообраќајна незгода.

Сообраќајката се случила во саботата во 17 часот на автопатот Е-75 кај клучката Сириг-Змаево, пренесоа Новости.

Уапсениот А.А ќе биде обвинет за тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај.

Како што велат од полицијата во Нови Сад, тој предизвикал сообраќајка во која се повредени повеќе лица од три возила.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 61-годишен маж од Врбас кој е задржан ан лекување во Клиничкиот центар во Нови Сад. Освен него повредени се уште четири деца пренесени во Општата болница во Врбас, како и државјанка на Слувачка.