Приведен крадец од Куманово


Вчера, во 6 часот утрото,  полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Т.(30) од Куманово затоа што ден претходно, околу 23.25 часот со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово и одзел пари од дневниот промет.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот на М.Т., при што биле пронајдени украдените пари, кои биле вратени на сопственикот.

М.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.