Приштина: Ослободен пратеникот Дардан Молиќај


Пратеникот на опозициската Социјалдемократска партија (ПСД) во Собранието на Косово, Дардан Молиќај, кој беше упасен утрово во неговиот дом по налог на приштинскиот Основен суд, попладнево е ослободен.

Веста за ослободувањето на Молиќај за порталот koha.net ја потврди портпаролката на ПСД, Натира Кучи.

– Откако е однесен во Обвинителството, пртатеникот Молиќај сега е веќе пуштен во редовна процедура. Предметот ќе продолжи, изјави Кучи.

Според полициското соопштение, Молиќај е приведен поради учество на протестот од 2015 година на Движењето амоопределување (ВВ), чиј член беше тогаш. Тој беше еден од организаторите на протестот за ослободување на тогашниот пратеник, а сега лидер на ВВ, Албин Курти, кој тогаш беше приведен поради непојавување на суд.

Главниот обвинител во Обвинителството во Приштина, Имер Бљакај во изјава за медиумите наведе дека Молиќај е приведен затоа што ги одбивал поканите за да се јави на распит, како осомничен за напад врз службено лице за време на протестот пред четири години.