Примероци од астероидот Риугу ги надминаа очекувањата на научниците
Примероци од почвата на астероидот Риугу ги надминаа очекувањата на јапонските научници.
Научниците ги опишуваат примероците како парчиња јаглен и црн песочен прав, кои биле собрани на астероидот Риугу, оддалечен околу 300 милиони километри од Земјата, од страна на јапонската вселенска сонда Хајабуса 2, кое неодамна се врати на Земјата.
Примероците опишани од јапонските вселенски власти се со големина до еден сантиметар и тврди како камен, додека помалите се црни, песочни гранули налик на прав, кои сондата ги собирала и враќала одделно.
Примероците земени од астероидот се резултат од шестгодишното вселенско патување на сондата Хајабуса 2, кои пристигнале во Јапонија на почетокот на декември.
– Песочните гранули кои Јапонската вселенска агенција (Јакса) ги проучуваше минатата недела беа од првото слетување на леталото на астероидот во април 2019 година, додека поголемите парчиња биле од делот предвиден за второто спуштање на Риугу, изјави Томохиро Усуи, научник од Јакса.
Усуи истакна дека разликите во големината на примерокот сугерираат различна цврстина на карпестата почва на астероидот.
Научниците се надеваат дека собраните примероци ќе им овозможат увид во потеклото на Сончевиот систем и потеклото на животот на Земјата. По студиите во Јапонија, некои од примероците ќе бидат доставени до НАСА и другите меѓународни вселенски агенции за натамошно истражување.