Превртен автомобил по сообраќајка во скопски Аеродром

Сообраќајна несреќа утрово се случила на крстосницата меѓу булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“ во Општина Аеродром.
Според фотографиите и видеата направени од оваа крстосница, може да се види дека во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното марка „опел“ е превртено на страната каде што е возачкото место.
Веднаш по несреќата, во дел од видеата, може да се види дека останатите учесници во сообраќајот и минувачите се обидуваат да укажат помош на лицата што се во превртениот автомобил.
Засега нема информации за повредени лица и за причините за сообраќајката.
Инаку, пред две недели во близина на оваа крстосница, на булеварот „Јане Сандански“, се случи сообраќајка во која беше повредено едно лице.