Претседавачот на ОБСЕ, шефот на словачката дипломатија Лајчак во посета на земјава
Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак денеска и утре престојува во посета на Северна Македонија.
За време на престојот Лајчак ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик-премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Претседавачот на ОБСЕ ќе се сретне со претставници на граѓанскиот сектор од Северна Македонија и ќе го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци-Скопје, каде што ќе има прилика да разговара со децата кои учествуваа во проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, „Градиме мостови“.