Претседателот на ЕПП, Доналд Туск, го поддржа ВМРО-ДПМНЕ


Со предизборна изјава и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ се јави претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Доналд Туск. ВМРО-ДПМНЕ е дел од ЕПП и Туск ги повика македонските граѓани да гласаат за нејзините кандидати.

Изјавата Туск ја даде на македонски јазик и во неа, меѓу другото, вели: Ја подржував вашата земја како премиер на Полска и како претседател на Европскиот совет, ве поддржувам денес и ќе продолжам да ве поддржувам и во иднина. Ги заслужувате највисоките стандарди, почит и ефикасна држава.

Навистина сум импресиониран од позитивните промени кои се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски. На локалните избори, партијата е претставена од брилијантен млад тим полн со енергија. Се работи за нови луѓе во светот на политиката кои се истовремено чесни и компетентни“.

На крајот, Туск им вели на граѓаните: „Секако, одлуката е ваша“