Претепан малолетник заврши во болница во Кавадарци
На 20.02.2022 во 00.50 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Росоман.
Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив малолетникот изјавил дека на 19.02.2022 околу 23.30 часот, при излегување од угостителски објект во Градски парк во Кавадарци, бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот..