Престрелка во Чаир, едно лице повредено од огнено оружје

Едно лице вечерва било повредено од огнено оружје вечерва во Чаир во престрелка што се случила на крстосницата на улиците Цветан Димов и Џон Кенеди. Полицијата набрзо пристигнала со цел да го расчисти случајот.
МВР потврди дека има пукање вечерва во скопски Чаир, јави ТВ21. Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница.
„На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило ‘пасат’. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Според информации на ТВ21, настраданиот бил во тешка состојба, и се бори за живот. Врз него се вршела операција. Наводно „пасатот“ имал кумановски регистарски таблици, и веднаш избегал од местото на настанот.