Прес-центарот во Охрид преполн, нема каде да се седи


Фото: Б. Грданоски

 

Ретко кон настан во Македонија предизвикал толку големо медиумско внимание во последно време како што се разговорите на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со посредните Жозеп Борел и Мирослав Лајчак во Охрид.

Како што можете да видите на фотографијата прес-центарот е преполн, нема слободно место. За овие, според многумина, клучни преговори за договор меѓу Белград и Приштина,  акредитирани се 230 новинари и сниматели од бројни медиумски куќи од регионот, но и од целиот свет. Засега, како што јавува нашиот известувач, нема прецизна агенда како ќе течат разговорите и кога ќе завршат. Се знае само дека прво Борел и Лајчак ќе имаат одвоени разговори со Вучиќ и Курти, а потоа ќе имаат заедничка средба.

Домаќин на овие разговори е премиерот Димитар Ковачевски. Разговорите се одвиваат во резиденцијалната вила „Билјана“, а прес-центарот е сместен во блискиот хотел „Инекс-Олгица“.