Премиерот вети средба со приватните превозници, заедно со ЈСП


Фото: Б. Грданоски

По тргањето на блокадите од улиците во главниот град од страна на приватните превозници, кои со протести бараа отпалата на долгот кој Јавното сообраќајно петпријатие го има кон нив, денеска премиерот потврди дека во следниот период ќе бидат повикани на разговор со министрите.

Премиерот Димитар Ковачевски се осврна и на проблемот со јавниот превоз во градот Скопје и дополни дека потегот за повлекување на превозниците е за поздравување.

– Ја поздравувам одлуката да ги ослободат улиците и да им ги вратат на граѓаните. Кажав дека под уцени не преговарам, и тогаш кажав дека немаме ингеренции за јавниот превоз. Но, покажавме одговорност за сите сегменти во општествениот живот, и во следниот период ќе ги повикаме приватните превозници, бидејќи тие имаат деловен однос со јавно претпријатие кое не е во наша надлежност, бидејќи Владата не ги знае деталите од нивнито доверителски однос, ќе ги повикаме на разговор, заедно со претставници од ЈСП – посочи Ковачевски.

Премиерот дополни дека по средбата, односно откако ќе ги дознаат сите детали ќе се одлучи дали и како може да им се помогнеме.

– Но, морам да напоменам дека пред се одговорноста за овој проблем е кај Градот Скопје, ЈСП и Советот на градот. Овој проблем е на ВМРО кои ветуваа дури и бесплатен превоз, а завршивме со проблем. Ние вчера договоривме со членови на тимот, да се сретнеме и да видиме кои се фактите, а потоа и во нашите надлежности да помогнеме да се надмине. Во земајва веќе 20 години градиме децентрализација, па сега нема да се враќаме 20 години наназат, а ова е проблем на локалната самоуправа – потенцира Ковачевски.

За потесетување, приватните превозници поради неиспалтени средства за период од над четири месеци изинатиот период започнаа протести, најпрво одбивајќи да продолжат со извршување на услугите јавен превоз за линииите во градот Скопје за кои имаат лиценца.

Тие бараат исплат на долгот кој ЈСП го има кон нив, и бараа средба со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска. До средбата не дојде, ниту пак е најдено решение на проблемот.

Првозниците во неколку наврати ги блокираа улиците, меѓу кои и три клучни крстосници во главниот град, но прием кај градоначалничката немаше, по што го блокираа булеварот „Илинден“, но и тоа не вроди со средба и надминување на недоразибирањата со градот. По што побараа надлежностите на градоначалничката да и бидат укинати и долгот да им биде исплатен со помош на Владата, а по укажувањето на премиерот дека под уцени нема да преговара, превозниците целосно се повлекоа од скопските улици.