Мицкоски ќе оди да види како „Бехтел и Енка“ ја градат делницата Гостивар – Букојчани


 

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе извршат надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“.

По извршениот надзор предвидено е Мицкоски да даде изјава.