Предновогодишна забава во Аеродром во сабота, ќе има и донаторска акција


Градоначалникот на општина Аеродром ги покани своите сограѓани на голема предновогодишна забава во Општина Аеродром!

Магионичарско шоу, Светот на Биби, Таско, Лина Пејовска, Next Time, ДНК, Sarah Mace & The Christmas Girls се дел од ѕвездите кои ќе ги забавуваат аеродромци. Воедно, свое учество во настанот ќе земат и многу општествено одговорни компании и индивидуи кои ќе помогнат за социјално-ранливите категории во нашата општина, информираше Муцунски.

-Исто така, ќе може да купите и честитка која ја изработиле учениците од прво до петто одделение во основите училишта од нашата општина, а средствата ќе бидат наменети за оние луѓе на кои им е најпотребно. Се гледаме во сабота, стои во поканата од Муцунски.