Предновогодишна музичка програма „Аеродром пулсира vol.3”


Четиричасовна музичка предновогодишна програма со настап на домашни музички ѕвезди организира вечерва Општина Аеродром и Џевахир Мол Скопје.

Настанот ќе почне од 18:30 часот пред платото на трговскиот центар, а како што најавуваат организаторите, ќе настапат Игор Џамбазор и Гуру Харе, Тони Зен, Пајак и Лара и Каролина Гочева.

Покрај музичките настапи, организаторите најавуваат и бројни изненадувања за присутните.