Предлог измените на Законот за енергетика одат на пленарна седница


 

Комисијата за европски прашања на денешната седница во Собранието го разгледа Предлогор на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со што овој законски предлог се проследува на понатамошна постапка во Собранието.

Предлог законот е ставен на дневен ред на 88-та собраниска седница, чие продолжение се уште не е закажано.

На денешната комисиска седница, која траеше околу два часа, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесоа два амандмани на Предлог-законот, но тие не беа прифатени од страна на Комисијата.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата обвинија дека Комисијата за европски прашања и натаму се злоупотребува за носење на закони од различни сфери по скратена постапка.