Предизборен митинг на СДСМ пред зградата на ЕУ во Скопје
Утре, недела, 21.04.2024 година, во 13.00 часот, пред зградата на ЕУ во Скопје, ќе се одржи голем сенароден митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
На митингот свои браќања ќе имаат: Стефан Левен -претседател на ПЕС (Партија на европски социјалисти), Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ и Стево Пендаровски – кандидат за претседател на Република Северна Македонија, а куси обраќања ќе имаат и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалиција.
Пренос во живо ќе се емитува на официјалните профили на Фејсбук како и на Јутјуб каналот на СДСМ.