Празничен возен ред за Велигден


Фото: Б. Грданоски

Од ЈСП Скопје информираат дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10.04.2026 год. (петок) до 13.04.2026 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Работно време на билетарници и центри за персонализација

Во сабота (11.04.2026 г.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно
работно време: билетарите кои работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот,
додека билетарниците и центрите за персонализација кои работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот.
Во петок (10.04.2026 г.) и недела (12.04.2026 г.) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен
центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.
Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација.

Работно време на Жичница

Жичницата од петок (10.04.2026 год.) до недела (12.04.2026 год.) ќе работи со редовно работно
време, од 10 до 18 часот, а во понеделник (13.04.2026 год.), вообичаено како и секој понеделник
нема да работи.

Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.