Празничен хороскоп: Слобода за Овенот, љубов за Бикот
ОВЕН:
Ова е период кога ќе можете да се ослободите од одговорностите и да си посветите квалитетно време самите на себе: зошто пак мора да се однесувате како што заповедаат другите? Потребата за слобода е толку нагласена, така што ќе сакате да бидете самите со себе и своите несовршености: провозете се со велосипед, прошетајте во природа и одморете се.
БИК:
Фокусирајте го целото свое внимание кон домот и своите најблиски: она што сте го започнале на овој план, сега ќе треба да се заврши. Вложете искрена и топла енергија и останете флексибилни: слушнете што им е потребно на саканите и откријте како да се усогласите. Под вечерното небо посматрајте ги ѕвездите и замислете си желба. Време е за љубов.
БЛИЗНАЦИ:
Погледнете кон својата непосредна околина и подгответе се за промени: треба да научите како да се справувате со провокациите од страна и сега е одличен период за тоа. Една животна мисија завршува и веднаш започнува нова, со која што успевате да го елиминирате стравот и да се фокусирате на развивањето на нови таленти: возвишете го својот дух и ќе победите!
РАК:
Ова е период кога ве краси неверојатна сила и добро здравје, но и способност да ја насетите иднината: изострете ги сите свои сетила и слушајте што ви говори интуицијата. Се јавуваат повеќе шанси да вкусите нова храна, да уживате во нови мириси и случки, така што овој празник ќе го памтите по убави и нежни моменти. Обидете се да не трошите премногу.
ЛАВ:
Со голема креативна сила и знаење, уживате во убави празнични денови: ќе успеете да се сетите на деновите кога работевте во некоја голема организација, чии методи сега треба да ги напуштите. Времето во кое што живеете е сменето, па така и вие треба да се адаптирате на новите услови: со насилство не се решава ништо, туку само со љубезен збор и мотиви.
ДЕВИЦА:
Движењето во одредени социјални кругови има своја цена, но не смеете да ја продавате својата лична вистина за да бидете прифатени: не колебајте се, туку чекорете си по сопствениот пат и запрашајте се што всушност вам ви е потребно. Вратете си ја самодовербата и бидете решителни да делувате: не е важно што прават другите, туку што треба да направите вие.
ВАГА:
Стоите на самата порта на својот успех: надминете ги дилемите, бидете трпеливи и минете низ неа. Период исполнет со надеж, задоволство и љубов, а тука се и вашите пријатели да ве развеселат: зрачите со убава енергија и способни сте да ја канализирате добро, наоѓајќи нови и креативни проекти. Подготвени сте да појдете дури и на крајот на светот!
СКОРПИЈА:
Не губете верба, дури и ако откриете дека условите се менуваат: секако и самите не очекувавте дека ќе постигнете постојаност во непостојаниот свет. Можеби и не знаете што ве очекува, но не постои друг начин, освен да верувате: запознајте ги правилата на играта и нема да се плашите од надворешниот свет повеќе: имајте јасна визија за своите идни планови.
СТРЕЛЕЦ:
Ако некој ве повредил и ја изгубил вашата доверба, сега е време да се повлечете и да си ја вратите самодовербата, размислувајќи за она што веќе сте го постигнале. Разберете дека заслужувате среќен живот, но тргнете им се од патот на оние кои што сакаат да заплашуваат и појдете во природа: ќе успеете да избегнете многу проблеми и непријатности.
ЈАРЕЦ:
Пари, пари и пари – зарем сѐ се врти околу тоа: велат дека има нешто и во љубовта! Ако размислувате премногу долго, можно е да ги пропуштите убавите шанси и да останете неспокојни. Обрнете им внимание на запоставените работи и ќе откриете дека токму тука постои потенцијал со кој што ќе ја постигнете саканата материјална сигурност.
ВОДОЛИЈА:
Ако сакате да не бидете проголтани од чувството за вина, ќе треба да покажете дека можете да се справите и со најгорливите етички прашања: како да имате лак и стрела во своите раце и нишаните директно во целта! Сега сте вешти, силни и локалните услови се поволни за брзо решавање на проблемите: застанете мирно, дишете длабоко и влезете во рингот!
РИБИ:
Ако сакате да откриете што се крие зад завесите на сцената, ќе треба да бидете невини како дете и да влезете во светот на фантазијата: тука се кријат важни одговори, кои се рефлектираат во постоечката реалност. Ако целта ви се чини далечна, празникот ќе мине во сомнеж, но ако откриете дека нешто блеска од другата страна на патот, затрчајте се во тој правец. Успех.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ