Познат актер се удави: Запаметен по улогата во серијата „Шоуто на Козби“

Малколм-Џамал Ворнер почина на 55-годишна возраст.
Малколм-Џамал Ворнер се удави во водите покрај брегот на Костарика во неделата, потврди Националната полиција на Костарика за ABS News, наведувајќи го задушувањето како главна причина за смртта.
Како што понатаму се наведува, актерот се удавил во близина на плажата Коклес, а според полицискиот извештај, бил однесен од силен бран.
Ворнер е најпознат по улогата на Теодор Тео Хакстејбл во ТВ серијата „Шоуто на Козби“.
Покрај тоа, тој глумеше и во филмови и серии „Улица Сезам“, „Малколм и Еди“, „Декстер“, „Одлични“, „Друг свет“, „Крал на подземјето“, „15 минути“, „Списокот“ и други.
Тој беше во врска со актерката Мишел Томас, која ја играше неговата девојка Џастин Филипс во „Шоуто на Козби“. Тој беше со неа до нејзината смрт во 1998 година. Тој беше во брак и имаше ќерка и никогаш не сакаше да ги открие нивните имиња за да ја заштити нивната приватност.