Пожарот во тетовската млекарница е локализиран
Пожарот кој изби во тетовската млекарница Хит-73 во тетовското село Камењане, е локализиран по два часа борба со огнот од страна на пожарникарите.
Пожарот бил пријавен во 18:20 часот. На гаснење на пожарот учествувале целата смена, како и оние кои дошле во ноќната смена од 19 часот.
Помагале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци.