Пожари кај Дојран, Сопотница и Свети Николе


Три пожари се активни во моментов на територија на Македонија, а некои се гасат со хеликоптери.

Пожар во близина на Дојран кон Николиќ

Голем пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ. Поради ветрот постои опасност од негово брзо ширење.

Како што информираат од Центарот за уптавување со кризи, кон Дојран упатен е големиот хеликоптер на МВР со ведро под три тона.

Голем пожар кај демирхисарското село Сопотница

Попладево трет силен пожар изби кај село Сопотница, Демирхисарско, информираат од ЦУК.

Поради опасност пожарот да навлезе во високо квалитетна шума упатен е Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување

Прво изби пожарот кај Свети Николе што се гаси со  два хелихоптери на МВР

Поради опасноста огнот да ги зафати блиските штали и викендички, во гаснењето беа активирани и два хеликоптери на МВР, а на терен се припадници на противпожарната единица од Свети Николе и доброволното противпожарно друштво. Гори сува трева и
ниска вегетација.

– Дува ветер и можно е да се прошири на спротивната страна, но сега за сега
е под контрола. Во моментот ги очекуваме, едно возило со пет пожарникари од Штип, кои треба да пристигнат во секој момент и две теренски противпожарни возила од Велес. Се надеваме дека нема да има проширување, изјави за МИА градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.

Градоначалникот се сомнева дека причина за пожарот е човечки фактор, односно запалено стрниште.