Пожар во затворската кујна во Идризово


Во четвртокот, во 4.32 часот во СВР Скопје, вработен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ пријавил дека настанал пожар во затворската кујна.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во пожарот со повреди се здобил Ј.Б., вработен во затворот, кој бил пренесен во поликлиника „Ченто“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот.