Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија


Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле.

Во пожарот е опожарена една куќа и помошна просторија. Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил позади помошната просторија која се наоѓа во близина на куќата.

Во тек е увид на местото на пожарот.