Пожар во болница во Париз, едно лице загина, осуммина повредени

Пожарот избил во болницата „Хенри Мондор“ синоќа, а ставен е под контрола рано изутрина.
Причината за пожарот се уште не е утврдена.
„Пожар во станбен блок во рамки на комплексот на болницата Хенри Мондор сега е ставен под контрола, благодарејќи на интервенцијата на пожарникарите“, објави на Твитер началникот на париски болници Матин Хирш.