Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид (видео)

Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на пловилото.
За среќа огнот е веќе изгаснат, благодарение на брзата реакција на ТППЕ Охрид, а на помош пристапиле и припадници на АРМ.