Пожар изби во напуштена барака во Аеродром на улица „Коста Новаковиќ“ (видео)

Пожар изби денеска во напуштена барака на улица „Коста Новаковиќ“ наспроти „Американ колеџ“ во општина Аеродром.
Пожарот е ставен под контрола, информираа од Противпожарната бригада на Град Скопје.
Во гаснењето на пожарот учестуваат три противпожарни возила со десет пожарникари.