Повторно дојава за бомби во училиштата во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Гимназијата „Орце Николов“ денеска е повторно евакуирана откако примиле дојава за поставена експлозивна направа.

Веројатно вакви дојави има стигнати и во други училишта низ Скопје, но од полицијата најавуваат соопштение подоцна.

Tрет ден по ред оваа недела, дојави за бомби има во скопските училишта, а евакуирани се и учениците од  „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Никола Карев“, објавија медиумите.

Учениците се евакуирани, а екипи на полицијата се на терен, па во текот на денот се очекува соопштение со повеќе детали.

Во текот на вчерашниот ден имаше закани за бомби во 16 скопски и пет прилепски училишта.