Повредени двајца полицајци кои бркале и фатиле криминалец баран со потерница


 Во Скопје, на ул.„Љуботенски пат“, вчера во 14.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од скопското село Љуботен, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки.

Како што денеска соопштија од МВР, за него биле распишани централна и меѓународна потерница за доиздржување казна затвор од две години 11 месеци и два дена.  Р.С. е осуден на вкупна затворска казна од пет години и осум месеци, во врска со чл.418 од Кривичниот законик.

– Притоа, при запирањето, Р.С. удрил со возилото двајца полициски службеници, кои се здобиле со полесни повреди.

Р.С. бил совладан и предаден во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, по што ќе биде предаден во казнено-поправна установа за доиздржување на казната, стои во соопштението од МВР.