Повик за крводарителство во Карпош


Во среда (19.05.2021), од 9 до 17 часот, во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски”, Општина Карпош организира уште една крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст – Карпош.

Сите граѓани, кои сакаат да даруваат крв можат да се пријават на [email protected] (име и презиме, контакт телефон).

Акцијата ќе се спроведе по соодветните протоколи за заштита на граѓаните од КОВИД – 19.