Повеќе улици во Скопје без вода
Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Свети Наум Охридски“ над црквата „Света Петка“, прекинато е водоснабдувањето на домаќинствата од повеќе улици.
Така, до отстранување на дефектот без вода ќе бида корисниците од ул. „Чедомир Кантарџиев“, дел од ул. „Свети Наум Охридски“ и дел од „Банско“.
Жителите на овие улици немаат вода од денеска од 15.10 часот до санирање на дефектот, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.