Повеќе од 60 меѓународни организации бараат ЕУ да го суспендира договорот со Израел
Повеќе од 60 меѓународни организации за заштита на новинарите денеска апелираа до ЕУ да го суспендира договорот со Израел, по речиси 11 месеци напади врз слободата на медиумите и страдањата на новинарите во војната со Хамас.
„Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху презеде низа мерки за ограничување на слободата на медиумите, што доведе до воспоставување режим на цензура“, се вели во апелот на Комитетот за Заштитете ги новинарите, Репортери без граници, организацијата Хјуман рајтс воч и Европската федерација на новинари.
Организациите бараат шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и комесарот за трговија, Валдис Домбровскис, да го суспендираат договорот со Израел конкретно поврзан со трговијата.
Се бараат и „целни санкции против одговорните“ за кршење на човековите права.
Од 7 октомври, повеќе од 100 палестински новинари, двајца Израелци и тројца Либанци загинаа во конфликтот во Газа.