Повеќе од 520 руски дипломати се протерани од почетокот на војната


Бугарското МНР

 Повеќе од 520 руски дипломати протерани од почетокот на војната на Русија со Украина.  Само Бугарија во првите два месеца од годинава прогласи за непожелни вкупно 13 вработени во руската амбасада во Софија, но вчерашната одлука за додавање уште 70 лица е без преседан. Толку голем број луѓе не биле прогласени за непожелни одеднаш, не само во историјата на билатералните односи, туку и во невидениот бран на протерувања на претставници на руското Министерство за надворешни работи.

На оваа бројка од  520 протерани руски дипломати и персонал треба да се додадат и оние кои беа протерани од обидот за атентат врз Сергеј Скрипал во Британија во 2018 година (вкупно 125 во знак на солидарност од земјите на НАТО) и по руските хакерски напади во САД против SolarWinds и мешањето во изборите во 2021 година.  Речиси сите земји од НАТО им дадоа на Русите од 48 до 72 часа да заминат поради една или друга причина.

Истото, но повнимателно и во помал обем, го направија и стратешките партнери во Азија. На 8 април, Токио прогласи осум Руси – дипломати и трговски претставници – за непожелни за „воени злосторства“ во Украина, кои не само што се „апсолутно неприфатливи“, туку и „грубо кршење на меѓународното право“. Од средината на мај, во НАТО и ЕУ беа најактивни Полска (45 протерани дипломати), Франција (41) и Германија (40). Пред тоа (во април 2021 година) само Чешка си дозволи ваков одлучувачки потег со протерување на 63 лица. Ова е резултат на заклучоците на специјалните служби во Прага дека серија експлозии на чешки погреби во 2014 година се поврзани со субверзивни акции на воено разузнавачки агенти на ГРУ. Пред инвазијата на Украина обично биле бркани не повеќе од 5 луѓе.

Руските функционери беа исфрлени и од организации како НАТО и Европската унија. Оваа година 19 Руси мораа да ја напуштат мисијата на ЕУ во Брисел. Преполовен е и персоналот на мисијата во НАТО – во 2018 година нејзината големина беше ограничена од 30 на 20 лица, а сега е повлечена акредитацијата на 8 лица. Во оваа ситуација, Москва објави дека ја затвора канцеларијата бидејќи нема персонал и не гледа никаква смисла  да работи. Десетици, веројатно стотици руски претставници ги напуштија организациите од кои земјата е протерана или нејзиното членство е замрзнато – од Советот на Европа, Меѓународната организација на трудот до Советот за човекови права на ОН.

Општо земено, со текот на годините, таквите акции се претпочитаат да се вршат во доверливост. Засегнатата земја е тивко известена за тоа кој треба да замине и тоа ретко се објавува. Уште понеобично е да се наведе точно кои вработени се шпиони. Франција, на пример, рече дека шест од 41 дипломат на списокот на француските разузнавачи биле непријавени руски разузнавачи. Со децении, најголемото протерување на дипломати од Москва беше од САД во 2001 година. Тогаш биле протерани 5о лица заради шпионскиот скандал со долгодоишниот руски агент во ФБИ Роберт Хансен. Неговата  активност се оценува како веројатно најразорниот пробив во американските служби. Во моментов тој издржува 15 доживотни затворски казни. Пред тоа, рекордот беше поставен во октомври 1986 година, кога во времето на претседателот Роналд Реган беа протерани 55 советски дипломати, конзули и дипломати.