Повеќе од 40 семејства во Чаир на Гази Баба, во 21 век конечно, добија приклучок на водоводна мрежа


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира за напредокот на работите на улицата „Аврам Писевски“ во Гази Баба, каде што во моментов се реализира приклучување на оваа зона на водоводната мрежа.

Со оваа инвестиција се обезбедува стабилно водоснабдување и се подобруваат условите за живот за жителите на оваа зона.

„Ја поврзуваме оваа зона со водоводната мрежа, носејќи конкретна промена за над 40 домаќинства. Ова е инвестиција што се чувствува во секој дом. По оваа фаза ќе следи целосно асфалтирање на улицата, со што ќе се создаде модерна инфраструктура и полесно движење за граѓаните“, изјави Меџити.

Овој проект се реализира во неколку фази, започнувајќи од основната инфраструктура и продолжувајќи со целосно уредување на улицата, со цел подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.