Потпишување договор за 2,4 милиони евра неповратни средства наменети за енергетска транзиција


Република Северна Македонија денеска со Сојузна Република Германија ќе потпише договор за грант наменет за обновливи извори за енергетска транзиција.
 
– Потпишувањето на договорот значи користење на неповратни средства од германската Влада во износ од 2,4 милиони евра, кои ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра како евтини кредити за изградба на енергетски објекти, информираат од Владата.
 
Договорот ќе го потпишат генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на  KfW за Северна Македонија и Косово, Рене Ешеманн, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев и германската амбасадорка Анка Холштајн.