Постигнат „компромис“ во ЕУ за барањата на Бугарија?
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2020/10/eu.jpeg)
„Политико“ утринава јавува дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно бил постигнат некаков „компромис“ за да почне првата меѓувладина конференција меѓу Унијата и Македонија. Тоа го изјавил за „Политико“ еден висок дипломат на ЕУ.
Што има во договорот? Според „Политико“ вака наводно изгледа постигнатиот компромис што го понудила Софија: „Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае ‘историската вистина’, како што е дефинирана од Софија и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик“.
Ако ова е „компромисот“, тогаш тоа се, всушност, најголемиот дел од бугарските барања. Но, сепак, нема јасни информации дали е тоа компромис што го понудила Бугарија или некаков заклучок на амбасадорите на ЕУ. Големо прашање е дали македонската страна би ја прифатила „историската вистина“ презентирана од Софија, по општите негативни реакции во јавноста.