Поставен автоклав за медицински отпад во „Дрисла“


Медицинскиот отпад како посебен отпад бара посебен третман,а за таа цел, денеска во депонијата „Дрисла“ беше пуштен во употреба нов стерилизатро – автоклав.

– Со новопристигнатиот стерилизатор, односно автоклав, кој е иновативен систем, целосно автоматизиран од познатата италијанска марка ЦИСА, „Дрисла“ станува современа депонија. Автоклавот ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот е опремен со шредер, кој го дроби отпадот на мали, тенки парчиња и го намалува волуменот за 80 проценти. Сувата вакуум пумпа, придонесува за заштеда на потрошувачка на вода за дури 98 проценти, а системот за електрична енергија, обезбедува еколошка безбедност и не дозволува инфективниот воздух да ја загадува околината. Машината е приспособена да дроби игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри и друг отпад од работењето на клиниките, болници, ветеринарни болници и лаборатории – рече директорот на „Дрисла“, Јане Мицевски.

Според градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, конечно „Дрисла“ почнува со процесот на модернизација, односно со осовременување на третирањето на медицинскиот отпад.

– Она што е важно дека повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад, којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Овој третман на медицински оптад е по најсовремените стандарди со којшто се заштитува животната средина, а едновремено се штити и здравјето на граѓаните – рече Арсовска, која најави и модернизирање на  другите  постапки во „Дрисла“.