Полска официјално ги предаде првите тенкови „леопард“ на Украина


Првите полски тенкови „лепард 2“ официјално се испорачани на Украина, објави Јуан Мекдоналд од Нов глас на Украина, кој на социјалните мрежи објави снимка од примопредавањето.

На снимката се полскиот премиер Матеуш Морјавецки и неговиот украински колега Денис Шмихал на непозната локација во Украина. Официјалното предавање на првите „леопарди“ доаѓа откако полскиот премиер вчера потврди дека на Украина ѝ се испорачани четири тенка.

„Полска и Европа стојат со вас. Дефинитивно нема да ве оставиме, ќе ја бодриме Украина до потполна победа над Русија“, рече Морјавецки стоејќи до Зеленски при неговата посета на Киев.