Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.

– Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, се наведува во соопштението.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.