Португалец протеран од Србија завршил во Свети Николе
Во четвртокот, во 21.55 часот на патот Куманово-Свети Николе, полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го привеле В.Д.(50), поради тоа што не поседувал документи за идентификација.
По негово кажување тој е државјанин на Португалија, но поради нелегален престој бил протеран од Република Србија.
Поради сторен прекршок по член 9 став 1 од Законот за гранична контрола, односно преминување на државната граница надвор од граничен премин и надвор од работното време на граничниот премин, тој бил задржан во Полициска станица Свети Николе, а за случајот бил известен Јавен обвинител.