Пороен дожд, грмежи и засилен ветар

Од денеска до почетокот на следната седмица под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Во петок ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе опадне за 8 до 10 степени во однос на претходните денови.