Пораст на температурите, пообилни врнежи во недела ноќта


Фото: Б. Грданоски

Во наредните денови се очекува пораст на температурите, а на крајот на неделата пообилни врнежи од дожд.

Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст. Пообилни врнежи се очекуваат во недела во текот на ноќта и во понеделник претпладне.

Утринските ќе се спуштат најмногу до минус четири и ќе се движат до осум, а дневните од осум до 17 степени.