Поранешната сопруга на Ал-Багдади: „Се омажив за нормален човек, предавач на универзитет“


Лидерот на Исламска држава Абу Бакир ал-Багдади беше убиен во текот на викендот, а покрај него усмртени се и две жени кои носеле елеци со експлозив, кој не се активирал, како и три деца.

Овој терорист САД долго го бараше, а американскиот претседател Доналд Трамп рече дека воената операција во која е убиен водачот на Исламска држава е позначајна од онаа во која беше убиен Осама бин Ладен во 2011 година.

Пред две години, поранешната сопруга на најбараниот човек на светот – шефот на исламистичката група ДАЕШ, Сага ел Дулајми (30) даде интервју за шветската телевизија и тогаш изјави дека била мажена за „нормален човек, предавач на универзитет“, и не знае како завршил како глава на теорирстичка организација.

„Се омажив за нормален човек, универзитетски предавач. Во тоа време се викаше Хашим Мухамед“, рече таа за „Експресен“.

Тоа ѝ беше прво интервју откако беше пуштена од затвор во 2015 година.

Таа пораснала во конзервативно семејство добро ситуирано и еднаш била мажена пред бракот со Багдади, а од првиот брак има близнаци.

Нејзиниот прв сопруг бил телохранител на Садам Хусеин и убиен е борејќи се против американските трупи во Ирак само една година по венчавката.
Во Ирак, во муслиманските заедници дозволено е женетите мажи да се оженат со вдовици, затоа што се смета дека така се грижат за неа и за нејзините деца, за што ќе бидат наградени по смртта. На овој начин и Сага се омажила за Багдади.

„Не забележав дека е активист на кој и да е начин. Се преселивме во неговиот дом и таму живеевме. Нѐ имаше многу. Јас, тој, моите деца, неговата прва сопруга, нејзините деца“, објаснува таа.

Тој не ѝ кажал на првата жена дека повторно ќе се ожени, па Сага сака да ја заборави средбата со неа.

„Тој не зборуваше многу за минатото. Беше таинствен. Не беше зборлив. Се среќававме во вечерните часови на вечера. Знаеше да го нема неколку дена, кога велеше дека е кај брат му“, се потсетува таа.

„Не, не бев заљубена во неа. Не го сакав. Тој беше мистичен. Со него не се водеше нормален разговор, Тој само даваше наредби“. вели таа.

Го оставила по три месеци не знаејќи дека е трудна. Нивната ќерка Хогар сега има 11 години.

„Таа го поднесе товарот на свој грб. Што се децата виновни во тоа? Не е таа виновна што е ќерка на најбараниот терорист на светот. Ниту пак е моја вина. Јас се омажив со него во 2008 година. Сега сме разведени“.

По сите проблеми во Ирак и Сирија, Сага вели дека сака да живее во Европа.. Таа повторно е мажена и има син, нејзино четврто дете.