Поранешeн украински амбасадор во Брисел: Засрамете се, лидери на ЕУ!


„Може ова ми се последни зборови. Затоа, да ви кажам како се чувствував кога ги слушав лидерите на ЕУ како ги објавуваат своите санкции: треба да се срамите до крајот на животот што не оставивте сами во овој момент да се соочиме со руската агресија“, рече поранешниот амбасадор на Украина во ЕУ, Костијантин Јелисиев.

„Вчера го евакуирав моето семејство од градот и ако нешто им се случи, треба да се срамите до крајот на животот“, додаде тој со емоции.

Овој 51-годишен Украинец од руското говорно подрачје во Доњецк го познаваат лично  многумина во главниот град на ЕУ од неговото време помеѓу 2010 и 2015 година, кога преговараше за историскиот договор за слободна трговија и се бореше со руските анексијата на Украина во 2014 година.Тој подоцна му служеше како помошник на поранешниот украински претседател Петро Порошенко пред да создаде тинк-тенк во Киев.

Но, сега, откако го извлекол семејството од градот, Јелисиев се вооружил со пушка калашников и останува во Киев за да се подготви за можен вооружен отпор против руските падобранци.

„Јас сум на списокот. Порошенко е на списокот“, рече тој, мислејќи на заканата дека руските сили ќе ги убијат или приведат според однапред подготвените списоци прозападните симпатизери доколку го освојат главниот град.

„Можеби утре нема да можам повеќе да разговарам со вас, па затоа морав да ја изнесам оваа порака денес“, рече Јелисиев, телефонски зборувајќи од областа Подил во центарот на градот.

„И напишете го ова со црвено мастило: Вие ќе бидете следните“, ги предупреди тој лидерите на ЕУ.

„Следни ќе бидат балтичките држави, а потоа и земјите од Варшавскиот пакт, затоа што на тој начин Путин го замислил обновувањето на советската империја. Дури и улиците на Дрезден [во поранешната Германска Демократска Република], каде што Путин порано работел како КГБ службеник на разузнавачката служба од советската ера не се безбедни“, рече Јелисиеев.