Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево – Пехчево


Фото: Б. Грданоски
Поради сообраќајна несреќа вечерва во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево во близина на село Црник.
 
Сообраќајката како што информираат возачи кои сообраќале на споменатиот патен правец се случила помеѓу три возила, од кои едно со странски регистарски таблички и две со македонски регистарски таблички.
 
Возачите очевидци како причина за сообраќајката го наведуваат можното одбегнување на одрон по што дошло до судир на возилата.
 
Полицијата врши увид на местото на настанот, а повеќе информации за причините за сообраќајната несреќа најавија во текот на утрешниот ден.