Поради снимање на филм, мост и неколку улици во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај


Фото: Б. Грданоски

Поради снимање на филм МВР ги известува граѓаните дека денес во периодот од 06.00 до 18.00 часот, ќе има посебен режим на сообраќај.

Имено сообраќајот на ул.„Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со ул.„Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.